Руски научници направија мобилна апликација за процена на состојбата на ’рбетот

Микаела Бегстејгер/imagebroker.net/Global Look Press
Руски научници направија мобилна апликација која овозможува процена на состојбата на ’рбетот на пациентот и носење одлука за лекување, соопшти прес-службата на рускиот Фонд за перспективни истражувања (ФПИ).

„Во рамките на заедничкиот проект на Фондот за перспективни истражувања и Саратовскиот национален истражувачки државен универзитет „Чернишевски“, направена е мобилна апликација која му овозможува на лекарот да ја процени состојбата на `рбетот на пациентот и да донесе одлука за најдобра постапка за лекување“, соопштил фондот, пренесува агенцијата ТАСС.

Новата мобилна апликација користи сензори кои постојат во повеќето современи телефони (сензор за магнетно поле, акцелерометар), што овозможува мерење на повеќето основни параметри на сагиталниот баланс (рамнотежната состојба на сите кривини на `рбетот) со помош на неколку едноставни операции.

„Проценат на параметрите на сагиталниот баланс е задолжителна фаза на предоперативното планирање при различни заболувања и повреди на `рбетниот столб и карлицата. Мобилниот уред овозможува да се измерат параметрите кои конкретно го интересираат хирургот така што телефонот се допира до рендгенската снимка или екранот на компјутерот на која се наоѓа сагиталната проекција на `рбетот“, објаснија од фондот.

Заедничкиот проект на ФПИ и Саратовскиот државен универзитет „Чернишевски” се реализира од јуни 2018 година. Се очекува изработка на прототип на програма која на лекарот може да му помогне да ја избере и планира најдобрата варијанта на операцијата врз основа на податоците за пациентот, неговото заболување и резултатите од анализата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња