Руски научници направија легура која во контакт со човечко тело може да наполни батерија на смартфон

StockSnap / Рixabay
Руски научници заедно со нивните шведски и германски колеги го направија првиот термоелектронски материјал на светот кој има доволно електрична моќ во контакт со човечко тело да наполни батерија на паметен телефон.

Ова на 25 јули го соопшти прес-службата на Националниот истражувачки технолошки универзитет „Московски институт за челик и легури“ (НИТУ „МИСиС”). Од Институтот објаснуваат дека термоелектронските материјали се хемиски соединенија или легури на метал кои можат да ја претворат топлинската енергија во електрична врз основа на разликата во температурата на местата каде што проводниците се приклучуваат на плочата. Ова својство е откриено уште на почетокот на 19 век, но претходно постојните легури даваа коефициент на корисно дејство од најмногу 10%, дури и при загревање до неколку стотици степени.

Руските научници направија нов термоелектронски материјал од еластичниот полимер полиетилендиокситиофен (PEDOT), кој се состои од истегнати и правилно распоредени наноцевчиња. По сложената технолошка обработка, електричната моќност на материјалот ги достигна вредностите при кои нараквица од термоелектронски материјал што едно лице ја става на рака во контакт со собна температура дава електрична енергија доволна за постојано напојување на мобилен телефон без дополнителни извори на енергија.

„Московскиот институт за челик и легури“ е руски технички универзитет кој прв го доби статусот на Национален истражувачки технолошки универзитет. Според „Форбс“, МИСиС е најдобриот универзитет во Русија во 2019 година. Во неговиот состав се наоѓаат 9 институти и 6 филијали, од кои 4 работат во Русија а 2 во странство. Универзитетот има стогодишна традиција од 1918 година, кога е основана Московската рударско-геолошка академија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња