„Бумеранг-17“ (К-17) со борбена купола без екипаж „Бумеранг-СМ“
alamyОва за рускиот интернет-портал ТАСС го изјави генералниот директор на „Воено-индустриската компанија“ („Военно-промышленная компания – ВПК) Александар Красовицки. Тој додаде дека специјалистите на компанијата ги анализирале факторите кои ја одредуваа релативно високата цена за ова возило. Во нивната анализа тие заклучиле дека неколку компании, кои се монополисти во производството на одредена опрема, ги понудиле своите производи по 5-6 пати повисоки цени.
Со овие интервенции кои доведоа до екстремно намалување на цената за едно возило, значително ќе се зголеми и потенцијалот за неговиот извоз на странскиот пазар. Тоа е комерцијална, релативно евтина и ефикасна машина, рече Александар Красовицки. Таа поседува одлични перформанси кога станува збор за транспортот и оклопната заштита на екипажот, но и на десантната пешадија која ја користи задната рампа на возилото, со што значително се намалува времето за влез и излез од „Бумеранг“.
„Бумеранг“ е многу сериозно борбено средство, кое според различните параметри како што се проодноста, брзината, оклопната заштита, огнената моќ и напредната ергономија за управување со комплексниот синџир системи кои се дел од ова возило, ќе им обезбеди на Русите сериозна предност кога е во прашање конкуренцијата. Се работи за модуларна борбена платформа која според сите показатели претставува сосема нова генерација на руски оклопни возила на тркала, која треба да ѝ обезбеди на руската армија тактичка супериорност на бојното поле.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче