„Возилото ги помина сите тестирања со висока оцена. Сте негови технички карактеристики се потврдени и во пракса. Конкретно, одредени технички параметри кои се постигнати во фабрички услови, беа надминати за време на теренските тестирања“, изјави првиот човек на ВПК за интернет-порталот РИА „Новости“.
Се работи за брзинските карактеристики на платформата на тркала „Бумеранг“ и нејзините способности во совладување на пречки од различен вид.
Александар Красовицки исто така додаде дека веќе годинава Министерството за одбрана на РФ ќе ја почне етапата на државни тестирања на оклопните возила врз база на платформата „Бумеранг“, кои пред тоа ќе ја добијат ознаката „О“, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
„Бумеранг“ е перспективна платформа на тркала од модуларен тип развиена од инженерите на ВПК, врз чија основа е и конструирано оклопното борбено возило. Првпат беше претставена на јубилејната 70. Голема воена парада по повод Денот на Победата (9 мај 2015 година).
Неодамна беше соопштено дека врз база на оклопната платформа на тркала „Бумеранг“ се разгледува интеграција на новата борбена купола „Кинжал“ која ќе биде вооружена со автоматски топ со висока балистика А-220М со калибар 57 мм, како и со ракетни противтенковски системи „Атака“.
Судејќи според сѐ, „Бумеранг“ претставува многу сериозно борбено средство кое според различни параметри како што се проодноста, брзината, оклопната заштита, огнената моќ и напредната ергономија на управување со сложениот синџир системи кои се наоѓаат во состав на ова возило, ќе им обезбеди на Русите сериозна предност кога е во прашање конкуренцијата. Се работи за борбена платформа која според сите показатели претставува потполно нова генерација на руски оклопни возила на тркала, која на руската армија треба да ѝ обезбеди тактичка супериорност на бојното поле.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче