Објавена снимка од лет на Ту-95МС и Ксиан Х-6 над Јапонското море (ВИДЕО)

Иља Најмушин/Reuters
На социјалните мрежи се појави видеоснимка од првото заедничко патролирање на руски ракетоносни бомбардери Ту-95МС и кинески Ксиан Х-6 (Xian H-6). Летовите беа изведени во меѓународниот воздушен простор над Јапонското и Источното кинеско море.

На снимката е прикажано полетувањето на руската турбоелисна „Мечка“. Во кадарот се појавува и јужнокорејски ловец F-16KS кој  на мошне големо растојание го следеше рускиот Ту-95МС.

Министерството за одбрана на РФ истакна дека екипажот на стратешките бомбардери дејствувал строго во согласност со одредбите на меѓународното право. Според податоците на објективната контрола, немало повреда на воздушниот простор на други држави.

Претходно властите на Јужна Кореја изјавија дека руски ракетоносни бомбардери Ту-95МС го повредиле нејзиниот воздушен простор.

Министерството за одбрана на РФ објасни дека наводите се неосновани. Напротив, пилотите на Јужна Кореја извеле непрофесионални маневри и ја загрозиле безбедноста на руските авиони. Покрај тоа, јужнокорејските ловци не одговориле на обидот на екипажот на Ту-95МС да воспостави врска со нив и се оддалечиле од руските авиони со фрлање на топлински мамки.

Ту-95МС носи ракети со голем дострел. Сериското производство на овој авион започна во 1981 година. Стратешкиот бомбардер е долг околу 50 метри, толкав му е и распонот на крилата. Максималната полетна маса му е 185 тони. Ова е еден од најбрзите турбоелисни авиони на светот - развива брзина од 830 км/ч.

Прочитајте повеќе: МО на РФ: Ако јужнокорејските Ф-16 отвореа предупредувачки оган, немаше долго да чекаат на одговор

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња