„Компанијата „Бериев“ им испорача на Воздушно-космичките сили на Русија модернизирани авиони Ту-95МС. Месецов компанијата им предаде на екипажите на стратешката авијација два авиона Ту-95МС на кои изврши капитален ремонт и модернизација“, го пренесува агенцијата ТАСС соопштението на компанијата.
Како што се истакнува, Ту-95МС бр. 24 долетал на 11 април во својата база, а Ту-95МС бр. 19 долетал на 13 април. Информативната служба на компанијата „Бериев“ додава дека со капиталниот ремонт и модернизацијата е продолжен работниот век на бомбардерите.
Во октомври 2018 година Министерството за одбрана на РФ соопшти дека се преземаат мерки за продолжување на работниот век на стратешките ракетоносци Ту-160 и Ту-95МС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче