МО на РФ: Ако јужнокорејските Ф-16 отвореа предупредувачки оган, немаше долго да чекаат на одговор

Ту-95МС

Ту-95МС

MOD Russia/via Globallookpress.com

Повереникот за вршење на работите на Русија во Јужна Кореја беше повикан во Министерството за надворешни работи на републиката, каде што му беше врачена протестна нота за инцидент во воздухот, пренесуваат медиумите.

Официјален Сеул побара од Русија објаснување, извинување и гаранции дека случајот кој, како што е речено, нанесува штета не само на пријателството и довербата меѓу двете држави, туку е и во спротивност на меѓународните норми, никогаш нема да се повтори.

Претходно вооружените сили на Јужна Кореја соопштија дека руски воен авион двапати го нарушил воздушниот простор на земјата во Јапонско Море, и дека за пресретнување на рускиот авион биле подигнати јужнокорејски ловци Ф-16 кои, наводно, истрелале дури 360 предупредувачки истрели.

Меѓутоа, Министерството за одбрана на Русија ги негираше обвинувањата дека нивен Ту-95МС влегол во воздушниот простор на Сеул. Од ресорот нагласија дека јужнокорејските ловци ја пресекле рутата на Ту-95МС, создавајќи закани за нивната безбедност, како и дека сите летови се изведуваат во согласност со меѓународното право.

„Во близина на островот Токто (Такешима) на руските авиони им се приближија два јужнокорејски ловци Ф-16 кои изведоа непрофесионални маневри, пресекувајќи го патот на руските стратешки ракетоносци и создадоа закана за нивната безбедност“, велат од руското министерство.

Ова не е првпат јужнокорејските воени пилоти да ги попречуваат летовите на руските авиони над неутралните води на Јапонско Море, и секој пат Сеул се повикува на некаква „зона на ПВО“ која тие самите ја утврдија, истакнуваат од МО на Русија.

„Слични зони не се признати со меѓународните норми а не ги признава ни Руската Федерација, што Јужна Кореја повеќе пати го прими на знаење“, стои во соопштението на руското Министерство за одбрана.

За таканаречениот предупредувачки оган е кажано следново:

„Јужнокорејските ловци не отворија никаков предупредувачки оган. Доколку руските пилоти на кој било начин почувствуваа дека постои опасност, веднаш ќе уследеше одговор“, истакнуваат од МО на Русија. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња