Изминатиот месец може да се карактеризира како еден од најтешките периоди во поновата историја на американските специјални единици. Во периодот од 24 до 30 јуни загинаа тројца членови на американските „зелени беретки“ од составот на 10-та и 3-та група на Командата за специјални операции на САД. Елитните единици на Армијата на САД учествуваа во овие операции во содејство со елементи на противдиверзантски единици, група платеници и специјалните единици на авганистанската армија.
Претрпените загуби се последица на серијата ненадејни судири што се случија на просторот на цел Авганистан. Најголем број огнен контакти е регистриран во провинциите Урузган и Хост, каде што и загинаа американските специјалци.
Ми-17В-5 претставува модерен повеќенаменски воено-транспортен хеликоптер наменет за превоз на луѓе и товар, како во внатрешноста на кабината така и на надворешните носачи. Покрај тоа, овој хеликоптер, исто така, може да се примени и во класични борбени мисии, бидејќи е оспособен да носи и убојни средства. Со леталото управуваат 3 членови на екипажот. Неговата вкупна носивост е до 4500 кг товар. Може да транспортира до 36 патници или 24 војници со полна борбена опрема. Исто така, во операции за евакуација на ранети на носилки може да прими и до 12 тешко повредени војници.
Погонската група се состои од два турбо-елисни мотори „Климов“ ВК-2500 кои генерирааат излезна сила од 2700 КС. Овие мотори обезбедуваат хеликоптерот под полн товар да достигне брзина од 262 км/ч. Капацитетот на резервоарот и економичноста на моторот му овозможуваат на хеликоптерот да достигне практичен долет и до 700 км.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче