Руските конструктори развија проект за нова елиса: Ми-35 ќе лета со 400, а Ми-8/17 со 320 км/час

Alamy
Со новите конструкторски зафати применети на хеликоптерската елиса што ја користат леталата „Мил“ драстично ќе бидат зголемени параметрите на максималната и крстосувачката брзина.

Централниот институт за аеродинамика „Н. Е. Жуковски“ (ЦАГИ) и ОКБ „Мил“ работат на проект за унапредување на летечко-техничките карактеристики на постојниот хеликоптерски парк на руската армија. Доколку овој проект се реализира успешно, тој ќе овозможи зголемување на максималната брзина на руските хеликоптери до вредности кои достигнуваат 400 км/час. Една од главните карактеристики која ќе обезбеди вакви перформанси е конструирање на хеликоптерска елиса од нов тип, изјави за интернет порталот ТАСС генералниот директор на ЦАГИ Кирил Сипало.

„Нашите најбрзи хеликоптери досега летаа со максимална брзина од 320-330 км/ч (Ми-24/35), а сега ќе успееме да достигнеме вредности кои се доближуваат до границата од 400 км/ч, дури и повеќе“, соопшти Сипало. Според него, најновите модификации на елисата на хеликоптерот значително ќе ги намалат негативните аеродинамични ефекти кои се јавуваат при големи брзини кај хеликоптерите од стандарден тип.

„Единствениот профил и аеродинамичниот облик на лопатките на хеликоптерската елиса ќе ги намалат негативните ефекти на силите кои се јавуваат на нивните краеви, а кои се движат со суперсонични брзини. Ова е еден од поважните фактори кои не му дозволуваат на леталото да се движи со поголема брзина“, нагласи генералниот директор на ЦАГИ.

Сипало напомена дека лопатките кои се проектирани врз нови технолошки принципи можат уште сега да бидат интегрирани на постојните хеликоптери од типот „Мил“. „Со оглед дека постои огромен парк летала произведени од „Мил“, со вградувањето на овие лопатки ќе добиеме армија хеликоптери со квалитативно подобри летечко-технички карактеристики“, рече Сипало.

Неодамна и генералниот директор на компанијата „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински истакна дека холдингот работи на изработка на проектна документација која ќе му ја понуди на руското Министерство за одбрана со цел зголемување на параметрите на максималната брзина кај постојната флота хеликоптери.

Прочитајте повеќе: Русите му прават наследник на ударниот хеликоптер Ка-52 „Алигатор“ кој ќе лета со брзина од 700 км/ч

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња