Чуму им се на американските маринци руски хеликоптери?

Хеликоптер Ми-8

Хеликоптер Ми-8

Global Look Press
Маринскиот корпус на САД планира на воените маневри да користи руска воздухопловна техника. Таа ќе се користи како противничка страна.

Како што пишува порталот „Марин Тајмс“, командата веќе барала за вежби борбен хеликоптер Ми-24 или транспортен хеликоптер Ми-17. „Хеликоптерот во напад, благодарение на својата големина, типот на летот, огнената моќ и одбранбените маневарски можности претставува специфична закана која создава реалистична, разновидна и сигурна противничка сила”, објави порталот.

Руските хеликоптери ќе симулираат извидување, како и напад врз копнени цели. Претставниците на американската војска објаснуваат дека тоа се прави за да можат војниците да се запознаат со карактеристиките на летот, можностите и ограничувањата на борбените летала на непријателот. Предвидено е секој хеликоптер да изведе околу 40 часови летање.

Ми-24 е советски офанзивен хеликоптер кој е проектиран во Експериментално-конструкторското биро „Михаил Мил”. Неофицијалното име му е „Крокодил”. Произведени се преку 3,5 илјади хеликоптери од овој тип.

Ми-17 е последната модернизирана верзија на хеликоптерот Ми-8. Исто така е проектиран во бирото „Михаил Мил”. Се користи во повеќе од 20 земји во светот. Произведени се преку 3,5 илјади летала од овој тип.

Прочитајте повеќе: Ракетите не можат да му наштетат на летечкиот руски „Терминатор“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња