Видеоснимката од натпреварувањето на интернет ја објави каналот WarGonzo. Натпреварувањето се одржа во две фази. Учествуваа 15 тимови. Борците во полна опрема ги совладуваа пречките, се качуваа по јаже на кула, се спуштаа на истиот начин, а потоа стрелаа од своето оружје во разни позиции, меѓу другото, висејќи на јаже со главата кон земја.
Една од задачите беше ослободување на заложници и уништување на терористи. Специјалците им укажаа прва помош на настраданите, како и на свој другар кој симулираше ранување. На ранетиот му беше дадена инфузија, а потоа беше пренесен на безбедно место.
Од петнаесетте тимови на Спецназот на Росгвардија и МВР на Русија во финалето се пласираа само три екипи. Тоа беа одредите на Росгвардија „Витез“, „Виор“ и „Ермак“ (Новосибирск). Тие се натпреваруваа за првото место. По крајно сложениот комплекс вежби со стрелање и физички оптоварување победата ја однесе тимот на специјалната единица „Виор“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче