Беспилотното летало е наменето за реализација на извидувачки задачи, правење детални аеро-фото снимки, како и за патролни и надзорни летови во сите временски услови, во радиус од 120 километри од операторот на системот кој се наоѓа во копнена станица за управување. Дронот-извидувач може да достигне брзина од 150 км/ч, неговата маса изнесува 200 кг, распонот на крилата 6,5 метри, а вкупната должина 4,2 метри.
„Корсар“ може да ги извршува зададените мисии на висини над 5000 метри, што е недостижно за сите видови на стрелечко оружје и лесни преносни ракетни системи.
Економичниот мотор му овозможува на „Корсар“ да помине во воздух до осум часа. Информациите собрани во реално време се доставуваат до земските станици за понатамошна обработка“, се вели во соопштението што го пренесува интернет-порталот РГ.
Според извршниот директор на државната корпорација „Ростех“ Олег Евтушенко, „Корсар“ е направен врз база на отворена архитектура, што му овозможува едноставна модернизација за решавање на цела низа специфични задачи. Во неговата конструкција се применети иновациски инженерски решенија кои му даваат предност кога се во прашање параметрите на маневарбилноста, потоа максималната висина на летање и максималниот долет.
„Конкретно, системот за добивање електрична енергија, далечинското палење на моторот и електричниот регулатор на неговата работа, според цела низа параметри ги надминуваат странските беспилотни летала од слична класа“, рече Евтушенко.
Тој, исто така, истакна дека Министерството за одбрана на РФ веќе објавило дека има намера да го „набави во сериски број новото беспилотно летало“.
„Корсар“ е направен како повеќенаменски комплекс. Може да се користи и во типично цивилна сфера на употреба, како што е мониторинг на животната средина, контрола на патните комуникации и инфраструктурните објекти, превенција од шумски пожари, операции за пребарување и спасување и слично.
Беспилотното летало е дел од комплексот во чиј состав се наоѓаат уште неколку летечки апарати и уникатен копнен пункт за управување. Во перспектива овој комплекс може да се подобри со усвојување на нови беспилотни летала со напредни летечко-технички карактеристики и поширок репертоар на задачи што ќе може да се извршуваат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче