Турците на улица се радуваат на набавката на ПВО-системите С-400

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет мрежата се појавија фотографии на кои се гледа како млади Турци се радуваат на набавката на ракетниот систем С-400 „Триумф“, стратешки важно оружје кога е во прашање нивната противвоздухопловна одбрана.

Слични манифестации се регистрирани во различни делови на Турција, пренесува порталот Marsonline. По тој повод се огласи и првиот човек на ова земја Реџеп Таип Ердоган, кој во говорот одржан во Истанбул по повод тригодишнината од обидот за државен преврат изјави дека рускиот противвоздухопловен систем С-400 е најмоќниот одбранбен систем на светот.

„Испораката на С-400 почна (...) До април 2020 година тие системи ќе бидат распоредени во нашата земја и подготвени за примена. (...) С-400 е најмоќниот одбранбен систем. Се надевам дека ќе го произведуваме заедно со Русија“, изјави Ердоган во програмата на телевизијата Habertürk.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км.

Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

Прочитајте повеќе: Сè што е потребно да знаете за системот С-400 „Триумф“