Видеоснимката е објавена на „Твитер“, на официјалната страница на министерството.
По извршената задача авионите успешно се вратија во своите воздухопловни бази. Летот траеше околу седум часа.
„Два стратешки ракетоносци Ту-160 изведоа планиран седумчасовен лет над неутралните води на Балтичкото море. На одделни делници на летот авионите на РФ ги следеа ловци F16 на Военото воздухопловство на Данска, фински F18 и шведски JAS39 Gripen“, се наведува во соопштението под видеоснимката.