Макета на перспективниот носач на авиони од класата 11430Э „Ламантин“
Алексеј Даничев/SputnikМакетата на перспективниот носач на авиони од класата 11430Э „Ламантин“ беше прикажана на изложбениот штанд на Невското проектно-конструкторско биро.
„Носачот на авиони од класата 11430Э „Ламантин“ е наменет за обезбедување оперативно базирање и примена на воздухопловна борбена група (вклучувајќи и беспилотни летала од различен тип кои се базираат на бродови), а кој има способност за употреба против воздушни, поморски (површински и подводни) цели на непријателот, како и против негови копнени цели, во океанскиот, морскиот и крајбрежниот театар на борбени дејствија. Овие бродови исто така можат да се употребат како поддршка на ударната група на руската воена морнарица, вклучувајќи и операции на поморски десант, каде неговата воздухопловна компонента може да се употреби за остварување воздушна превласт над просторот каде што се врши десантот“, го пренесува рускиот интернет-портал ТАСС текстот во кој се опишува овој проект.
На изложбениот штанд можеше да се прочита дека носачот на авиони од класата 11430Э „Ламантин“ ќе го движи атомска енергетска единица. Неговиот вкупен депласман ќе изнесува меѓу 80-90 илјади тони. Максималната должина на бродот ќе биде 350 метри, автономијата на отворено море до 120 дена, а максималната брзина до 30 јазли. Посадата на бродот ќе се состои од 2800 луѓе плус 800 луѓе кои ќе ја опслужуваат воздухопловната група базирана на бродот.
Воздухопловната група ќе брои околу 60 борбени апарати (повеќенаменски ловци од тешка и лесна категорија) и борбени хеликоптери и авиони за радарско набљудување. Предвидено е во рамките на оваа група да бидат вклучени и 10 беспилотни летала. На бродот ќе биде можно да се складираат до две илјади тони воздухопловни убојни средства.
Минатата среда раководителот на Криловскиот државен научен центар Павел Филипов изјави дека новиот повеќенаменски носач на авиони што се прави за потребите на руската воена морнарица ќе чини околу 200 милијарди рубли (околу 2,8 милијарди евра) за периодот од пет години за неговата изградба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче