Криловскиот државен научен центар работи на проект на нов носач на авиони. За неколку негови тактичко-технички карактеристики зборуваше за ТВ-каналот „Ѕвезда“ главниот конструктор на проектот Валентин Балоненко.
Предниот дел на носачот на авиони ќе биде направен од еден дел, додека неговиот заден дел ќе биде раздвоен на два дела. На овој начин бродот ќе има поголема ширина и должина.
Според главниот конструктор, ова е најважниот елемент на целиот проект. Носачот на авиони ќе може да прими поголем број авиони, убојни средства и гориво. Главната задача при неговото проектирање е обезбедување услови авионите со полно борбено оптоварување што полесно да полетаат од палубата на бродот. Капацитетот на хангарите ќе биде 218 илјади кубни метри, а максималната брзина на бродот 27 јазли (околу 50 км/час), пренесува интернет-порталот РГ.
На палубата на носачот на авиони ќе може да се распоредат до 40 борбени летала, од кои 24 ќе бидат повеќенаменските авиони Су-33 и МиГ-29К. Валентин Добаренко додаде дека негов фаворит за погонот е гасна турбина со сила од 80 мегавати. Таа е поедноставна, поевтина и поефикасна. Од вооружување на бродот ќе има противдиверзантски митралези и минофрлачи, автоматски топови и ПВО-ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче