Русија гради нов носач на авиони на атомски погон

Руслан Шамуков/TASS
Новиот брод ќе биде сличен на атомски остров во океанот и ќе претставува потполно пловечка тврдина.

Министерството за одбрана на Руската Федерација си постави тактичко-техничка задача (ТТЗ) за правење перспективен носач на авиони на атомски погон.

„ТТЗ за новиот авионосечки комплекс засега се формира и сѐ уште не е испратена во Обединетата бродоградежна корпорација (ОБК). Новиот носач на авиони мора да биде направен со нуклеарен реактор“, соопштуваат руските медиуми повикувајќи се на извор во воено-индустрискиот комплекс.

Според соговорникот на агенцијата, научноистражувачката и опитно-конструкторската работа на создавањето на првиот руски нуклеарен носач на авиони стартува во 2023 година.

Остров во океанот

Капетанот трета класа во резерва Дмитриј Литовкин смета дека „потребите од такво пловило се такви што бродот мора да стане остров во океанот на атомски погон“.

Според него, проектот ќе биде реализиран најкратко до почетокот на триесеттите години на 21 век, но веќе сега со сигурност може да се каже каков брод ѝ е потребен на флотата и што војската ќе бара од конструкторите.

„Потребно е тоа да биде потполно пловечка тврдина со депласман од околу 100000 тони, како и во случајот со сите современи американски носачи на авиони. Во должина таквиот брод би требало да достигне околу 300 метри, а ширината би требала да биде околу 40 метри“, додаде тој.

Подобар од „Адмирал Кузнецов“

Новиот носач на авиони ќе биде значително поинаков од „Адмирал Кузнецов“ во многу нешта. Како прво, палубата. Новата „Tврдина“ треба да има не помалку од две писти – голема и мала. Првата треба да биде направена според класичниот шаблон со отскочен дел на крајот, за да авионот добие на висина при одвојувањето од бродот. Втората би била потполно рамна и би ја користеле хеликоптерите.

Притоа бродот мора да биде прилагодлив да може да ги прифати „тешките“ ловци Су-57, како и „лесните“ како МиГ-35. Засега само постојат копнени верзии на овие авиони, но во блиска иднина тие ќе бидат преправени и за поморски услови на носачи на авиони.

Паралелно со тоа, палубата на новиот брод ќе биде „гола“ како и кај американските носачи на авиони, за да можат на неа да се сместат околу 90 ловци.

Заради тоа, војската ќе го отстрани командниот остров од палубата (слично постои на носачот на авион „Адмирал Кузнецов“, кој служи како командна клуч од кој се управува и ќе го спушти под пистата на бродот. Таквата конструкција ќе му овозможи на бродот да остане потешко забележлив на радарот, а исто така и ќе го „претопи“ носачот на авиони со линијата на хоризонтот. Бродот со слична конструкција мора да биде максимално „сплескан“ за да се стопи со морската површина на поголема оддалеченост при набљудување.

Конструкторите исто така мораат да го намалат отпорот на водата така што ќе употребат нови материјали, за да можат авионите на носачот на авиони да полетуваат и слетуваат за време на бура. Притоа за летови при тешки временски услови на носачот на авиони ќе бидат предвидени не само полетни отскочници, туку и специјални катапулти.

Прочитајте повеќе: Русија започна проект за изградба на својот прв атомски носач на авиони од класата „Шторм“?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња