„Дефинирањето на техничко-тактичките карактеристики на новиот носач на авион и понатаму е во фаза на конципирање и засега не е испратена никаква проектна документација во Обединетата бродоградна корпорација (ОСК)“, вели добро информиран извор од руската воена индустрија кој не одговори на прашањето за временските рокови за завршување на овие работи. Според овој извор, извесно е дека ова пловило ќе има нуклеарен погон зашто „Министерството за одбрана и командата на ВМ исто така изнесоа барање перспективниот носач на авиони да мора да биде опремен со нуклеарна погонска единица“.
Според она што го пренесува Интернет-порталот ТАСС, засега не постои официјална потврда на информацијата што ја изнесе неименуваниот извор.
Неодамна исто така од неименувани извори од рускиот воено-индустриски комплекс можат да се слушна информации дека блокот научно-истражувачки и експериментално-конструкторски проекти за изградба на првиот руски атомски носач на авиони ќе стартува во 2023 година.
Првиот човек на Обединетата бродоградна корпорација (ОСК) Алексеј Рахманов во кулоарите на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум рече дека оваа корпорација е „повеќе од подготвена“ за изградба на перспективен нуклеарен носач на авиони. Според него, развојот и изградбата на перспективен нуклеарен носач на авиони според светските стандарди ќе трае околу 15 години. Бродоградните компании кои се наоѓаат во состав на ОСК („Балтзавод“, „Северној верф“ и „Севмаш“) можат да го реализираат овој исклучително сложен потфат.
Руските конструктори понудија проект на еден ваков „колос“ кој го носи името „Шторм“. Станува збор за поморски објект кој навистина има импресивни димензии. Неговиот вкупен депласман ќе биде поголем од 100 илјади тони, од кои само палубата за полетување ќе има површина од 14 илјади квадратни метри. За разлика од „Адмирал Кузнецов“ кој поради големото количество вооружување што го има на располагање уште се вика и крстосувач, „Шторм ќе биде носач на авиони во целосен капацитет. Апсолутно сѐ ќе им биде подредено на авионите: зголемен простор за нивно сместување, магацин за борбените средства и гориво. Се проценува дека „Шторм“ ќе може да носи до 100 борбени авиони од генерациите 4+, 4++ и 5 (морнаричка верзија).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче