„Главната одлика на овој проект е конструкцијата на подводниот дел со кој би била имплементирана полу-катамаранска форма“, рече претставник на Криловскиот државен научен центар (КГНЦ), пренесуваат медиумите. Формата од нацртот на новиот носач на авиони е наречена „полу-катамаран“ затоа што двата одвоени трупа на бродот се спојуваат во еден при крмата.
Од КГНЦ објаснуваат дека новиот тип на конструкција дозволува користење на широка палуба со мошне помал депласман, односно маса на бродот, каква што имаат носачите на авиони од повисоките класи.
„Последицата е што бродот со среден депласман може да понесе цела палубна ескадрила“, изјави еден стручњак. Тој додаде дека таквата форма никогаш претходно не се користела при изградба на носачи на авиони.
Се проценува дека вкупниот депласман на новиот носач на авиони ќе биде 44 илјади тони. Должината на пловилото ќе изнесува 304 метри, ширината на палубата 78 метри, а длабочината на трупот во водата 8,5 метри. Максималната брзина ќе изнесува 28 јазли, а максималната далечина на пловидбата без дополнување на гориво осум илјади милји.
Носачот на авиони ќе може да понесе 46 летала, вклучувајќи 12-14 Су-33, 12-14 МиГ-29К/КУБ ловци, четири далекуметни радарско-командни авиони и 12-14 хеликоптери Ка-27.
Во јуни беше соопштено дека Обединетата бродоградежна корпорација ги почнала работите на проектирање на нов перспективен носач на авиони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче