Улјановската фабрика за производство на автомобили наесен ќе започне со производство на новата модификација на теренецот „Патриот“ со автоматски менувач, а на пазарот паралелно ќе се појави и модифицираната верзија Edition I во ограничена серија од 300 примероци.
Како што соопшти UAZ Belgium, „Патриот“ ќе се произведува во ексклузивна темносива боја, а ќе има црна сјајна решетка на ладилникот, 18-инчни алуминиумски бандажи со нов дизајн, плочки во салонот и на каросеријата, патосници со извезено името на специјалната верзија на автомобилот, предни седишта во комбинација од вештачка и природна кожа, со парчиња перфорирана природна кожа во средишниот дел.
На пазарот ќе се појави, како што е планирано, серија од само 300 примероци на УАЗ „Патриот“ Edition I. Како што автомобилските списанија ја пренесуваат најновата вест, во септември годинава ќе почне производството на модифицираниот модел со автоматски менувач. Цената на овој модел ќе биде соопштена непосредно пред почетокот на продажбата.
Инаку, во овој момент, основната верзија на „Патриот“ со мотор со сила од 150 КС, со петстепен мануелен менувач и погон на сите четири тркала чини 809900 рубли (околу 10800 евра).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче