Новите теренци на УАЗ ќе имаат во себе нешто и од престижните „Ауруси“

УАЗ

Улјановската фабрика за автомобили, која е дел од групата компании „Солерс“, би можела да добие технологии кои се користат во производството на новите руски автомобили од марката „Аурус“.

Според пишувањето на руските медиуми, кои се повикуваат на министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров, во производството на теренците на УАЗ од нова генерација ќе бидат користени разработките на Научно-истражувачкиот автомобилски и автомото институт (НАМИ) кој ги осмисли новите руски автомобили од премиум класата познати под комерцијалниот назив „Аурус“.

„Технологиите користени во производството на возилата од марката „Аурус“, настанати во рамките на проектот „Кортеж“, ќе бидат применувани на автомобилите од средна класа. Згора на тоа, тие веќе се користат во развојот на теренците од нова генерација на Улјановската фабрика за автомобили“, наведе Мантуров.

Како што истакна претставник на фирмата „Солерс“, се работи за електронските системи за помош на возачот, како и за хибридниот погонски агрегат.

„Разработките користени при создавањето на возилата од марката „Аурус“ планираме да ги примениме и во развојот на платформата „Патриот 2020“. Тоа се електронските елементи и решенијата за хибиридниот погон“, рече Мантуров.

Првиот човек на руската компанија „Солерс“ Вадим Швецов претходно изнесе неколку поединости поврзани со новиот теренец чие производство би можело да почне за година-две.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња