Промена на калибарот: Тешкото оклопно возило на пешадијата Т-15 со нов топ

Алексеј Куденко/Sputnik

Руско тешко борбено возило на пешадијата Т-15, изработено врз основа на платформата „Армата”, наредниве децении ќе биде пример кој многумина ќе се обидат да го копираат. Воените експерти сметаат дека токму конструкторите од Нижни Тагил успеале да ја ги дефинираат главните тенденции во развојот на овој тип на техника.

Новата варијанта на борбеното возило на пешадијата, претставена на меѓународниот военотехнички форум „Армија-2018”, во себе хармонично ја поврзува високата отпорност на противтенковски средства која ја постигнува со силниот повеќеслоен оклоп во комбинација со динамичната и активна заштита. Екипажот и десантниот состав, за кои постојат комфорни услови во возилото, се наоѓаат во специјално заштитена капсула.

Исклучителните маневарски способности на возилото се постигнати со помош на специфичниот систем за потпирање и 4-цилиндарскиот „х“ мотор со сила од 1500 коњски сили. Во текот на марш по асфалтиран пат брзината на возилото е преку 70 километри на час.

Во споредба со варијантата која претходно беше претставена на Парадата на Победата на Црвениот плоштад и на изложбата во Нижни Тагил и која имаше топ со калибар 30 милиметри, Т-15 има топ со калибар 57 милиметри. Благодарение на тоа неговата огнена моќ е зголемена, што му овозможува успешно да се носи не само со најтешките странски оклопни возила на пешадијата и оклопните транспортери, туку дури и со главните борбени тенкови. Ни „Леопард-2”, ни „Абрамс” ни „Леклерк” со „Челенџер” не можат да преживеат погодок со неколку проектили од овој руски топ, наведува информативниот портал РГ.

Освен тоа, ова оружје е прилагодено за употреба на „паметни“ проектили кои можат да се активираат на далечина, на пример, над пешадиска група и сл.

Топовското вооружување е дополнето со суперсонични противтенковски ракети „Атака” кои можат да носат не само тандемско кумулативно полнење, туку и распрскувачки и термобарични боеви глави.

Т-15 поседува современ систем за управување со оган кој се состои од повеќеканални нишани кај нишанџијата-оператор и командантот на возилото. Средствата за комуникација имаат високо ниво на заштита. Оклопното возило на пешадијата е опремено со сателитска навигација и приклучено на автоматизираниот систем на командата со силите на војската.

Благодарение на сето наведено, руското тешко борбено возило на пешадијата ќе може во текот на наредните децении ефикасно да ги решава борбените задачи на современото боиште.

Поглед во „блиската“ иднина: Каква машина ќе го замени „Армата“ по неколку децении?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња