„Тука се работи за ракетните системи. Претседателот веќе зборуваше за најновото оружје кое се наоѓа во наш посед. Се разбира, оружје нема да оди на продажба“, рече првиот човек на „Ростех“, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.
Чемезов допушта можност во некој момент и тоа оружје да се најде во извозната понуда на рускиот воено-индустриски комплекс, но според неговите тврдења, такво нешто нема да се случи скоро.
Тој појасни дека традиционалните купувачи на современо руско оружје и воена техника не се обраќале до Русија кога е во прашање најновото ракетно оружје, затоа што знаат дека Москва нема да го продаде, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Неодамна рускиот претседател Владимир Путин изјави дека хиперсоничниот ракетен комплекс „Кинжал“, борбениот ласерски систем „Пересвет“, тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, подводниот дрон-торпедо „Посејдон“ и крстосувачката ракета со неограничен дострел на нуклеарен погон „Буревесник“ наредниве години ќе влезат во оперативното вооружување на руската армија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче