Русите направија касетни мини со елементи на вештачка интелигенција

Касета со противтенковска муниција КПТМ-4 и касета со противпешадиски фрагментациски мини КПОМ-3 на поставката на специјална техника при Меѓународниот воено-технички саем „Армија 2019“

Касета со противтенковска муниција КПТМ-4 и касета со противпешадиски фрагментациски мини КПОМ-3 на поставката на специјална техника при Меѓународниот воено-технички саем „Армија 2019“

Техмаш
Во Русија се направени касетни мини со елементи на вештачка интелигенција кои се во состојба да разликуваат луѓе и животни. Ова го соопшти прес-службата на канцеларијата за развој на концернот „Техмаш“.

Касетите КПОМ-3 опремени со противпешадиски мини и КПТМ-4 опремени со противтенковски мини беа претставени на петтиот саем „Армија-2019“.

„Мината ПОМ-3 врши селекција на метите врз основа на радиошумовите што ги прават борбените возила на пешадијата или тенковите, во состојба е да идентификува борец кој влегува во зоната на дејство, а може и да разликува човечки суштества од животни“, се наведува во соопштението.

Мината има опција за автоматско прилагодување (со можност за повторно прилагодување) на точното време на самоуништување пред да се уфрли во касетата.

„Овие мини можат да препознаат мети, самостојни да се деактивираат или да се самоуништат. Фрагментациската противпешадиска мина ПОМ-3 е првата противпешадиска мина на светото со далечинско прилагодување, бесконтактна запалка со сеизмички сензор за мета“, рече генералниот директор на „Техмаш“ Владимир Лепин.

Саемот „Армија-2019“ се одржува во паркот „Патриот“ недалеку од Москва од 25 до 30 јуни. Медиумската куќа Russia Today е официјалната информативна агенција за настаните.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња