Инженерите на компанијата „Роствертол“ направија уште понаоружана верзија на хеликоптерот Ми-35М

Ми-35М

Ми-35М

Слободан Ѓукиќ
На Меѓународниот воено-технички саем за оружје и воена техника „Армија-2019“ ќе биде изложена нова верзија на борбено-транспортниот хеликоптер Ми-35М. Производителот го покажа леталото вооружено со тежок митралез „Корд“ монтиран на неговите странични врати и ненаведувани ракети од класата „воздух-земја“ со кал. 122 мм С-13. Хеликоптерот исто така е опремен со нови мотори кои имаат продолжен меѓуремонтен ресурс кој изнесува дополнителни 6000 работни часов и апаратура за намалување на вибрациите.

Ова за интернет-порталот РГ го соопшти генералниот директор на секторот за проектирање на ПАО „Роствертол“ Андреј Варфоломеев.

„Ми-35, покрај функцијата на ударен хеликоптер кој служи за решавање на задачи за неутрализирање на непријателска жива сила и оклопна техника, може да се користи и како десантно-транспортно летало. Во неговиот транспортен отсек може да се качат до осум војници со полна воена опрема, а во случај на потреба двајца ранети и еден лекар“, напомнува претставникот на ПАО „Роствертол“.

Трупот на хеликоптерот претрпе одредени промени. На десната страна на модернизираната верзија на овој хеликоптер, поточно на вратата на транспортната кабина, поставена е купола на која е монтиран тежок митралез „Корд“. Овие митралези користат муниција 12,7х108 мм и се карактеризираат со голема огнена моќ која е идеална како средство за непосредна огнена поддршка. Благодарение на конструкцијата на овие митралези и силата на самиот куршум, тие се ефикасни на растојанија од 1500-2000 метри. На тие растојанија тие можат да уништат непријателска жива сила која се наоѓа во лесно оклопни борбени возила. Неговиот пробојно-запалив куршум БС-41 може да пробие полна панцирна челична плоча со дебелина од 30 мм од растојание од 100 метри.

Праксата во Сирија покажа дека овој митралез во комбинација со моќна оптика многу ефикасно „лови снајперисти“ во градски облакодери, а често се случуваше со рафален оган низ фасада целосно да уништи група непријателски војници која се крие во внатрешноста на станбените згради.

Хеликоптерот, исто така, има можност да биде опремен со ненаведувани ракети С-13 кои се произведуваат во калибар од 122 мм. Треба да се напомене дека токму оваа ракета послужи како основа за развој на високопрецизната наведувана ракета „Монолит“.

Ми-35М, исто така, има моќна оптоелектронска станица за кружно набљудување, која може да открие непријателски цели на растојанија до 10 км. Важно е да се истакне дека хеликоптерот може да се применува во услови на намалена оптичка видливост.

Со овие технички подобрувања борбено-транспортнот хеликоптер Ми-35М значително ја зголеми својата огнена моќ, што го става во категоријата на најдобрите летала за вертикален транспорт кои денес се произведуваат во светот. Хеликоптерот го задржа вооружувањето кое инаку се наоѓаше во конфигурацијата на основната варијанта Ми-35М.

Погледнете го видеото: Сѐ за офанзивниот хеликоптер Ми-35М

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња