ВИДЕО: Употреба на руски хеликоптери Ми-35М и Ми-28Н во жестоки битки во Сирија

Бог рата
Во провинцијата Кафр Набуда во последниве денови се водат жестоки борби меѓу сириската армија и група од околу 1.000 терористи од исламската организација „Хајт Тахрир аш Шам“. Силите на сириската армија кои учествуваа во разбивањето на нападите на оваа група, беа потпомогнати од руски хеликоптери Ми-35М и Ми-28Н.

Како што објави Интернет-порталот marsonline, во текот на три дена меѓу сириската армија и групата од околу 1.000 терористи од исламската организација „Хајт Тахрир аш Шам“ во провинцијата Кафр Набуда се водат жестоки борби. Во овие борби сириската армија успеала да ликвидира околу 350 терористи, уништувајќи шест тенкови и борбени машини на пешадијата (БМП), како и голем број единици друга техника. Ова им беше соопштено на руските новинари во петокот од страна на шефот на сирискиот центар за помирување генерал-мајор Виктор Купчишин.

„Во последниве неколку дена редовните сириски единици отфрлија серија напади извршени од паравоени групи од населбите Кафр Набуда и Хуајаз лоцирани во провинцијата Хама. Во операциите кои започнаа на 21 мај сириската армија успеа да ликвидира околу 350 терористи, уништувајќи пет тенкови, една БМП, 27 пикапа со тешки митралези, два таканаречени џихад-мобили и три повеќенаменски ракетни лансери“, изјави рускиот генерал.

За таа цел беа користени и офанзивните хеликоптери Ми-35М и Ми-28Н, кои уништија неколку згради во кои терористите се беа утврдиле.

Според информациите на Купчишин терористите се обидувале да компензираат огромните загуби на живи сили и техника со постојани засилувања кои пристигнувањето во областа.

„Во текот на два дена повеќе од 800 борци се собраа во југозападниот сектор на зоната Идлиб. Оваа група беше збогатена со најмалку седум тенкови, три БМП и 15 пикапи со тешки митралези“, нагласува Купчишин. Има информации дека во предниот ешалон на овие единици има 2 или 4 џихад-мобили. Рускиот генерал предупреди за високата веројатност од употребата на хемикалии од страна на терористите против единици на сириската армија и цивилното население кое живее во непосредна близина на фронтот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња