Кина сака уште Су-35: Русија испрати понуда за дополнителна испорака на ловци од генерацијата 4++

Слободан Ѓукиќ
Федералната служба за меѓународна воено-техничка соработка на РФ ѝ испрати на Кина понуда која содржи дополнителен пакет испорака на повеќенаменски ловци Су-35 од генерацијата 4++. НР Кина досега купи 24 летала од овој тип, со кои е опремена елитната ловечка ескадрила „Јужен Синкјанг“.

Руската страна им испрати на Кинезите „предлог што се однесува на купување на современи видови оружје и воена опрема“, наведува  интернет-порталот ТАСС. Во предлогот се наоѓа понуда која содржи дополнителен пакет руски ловци Су-35 од генерацијата 4++, кои од неодамна се наоѓаат во вооружувањето на ВВ на Кина.

Договорот за испорака на 24 ловци Су-35 од генерацијата 4++ Москва и Пекинг го склучија 2015 година. Вкупната вредност на договорот изнесуваше 2,5 милијарди американски долари. Во април оваа година беше реализиран комплетниот договор за испорака на две ескадрили на овие авиони, и тоа пред договорениот рок.

Инаку, Кинезите се презадоволни од борбените способности на ловецот Су-35. Пилотите на елитната кинеска ескадрила „Јужен Синкјанг“, која е опремена со овие борбени летала, врз основа на нивното лично искуство изјавија дека „Су-35 е цар меѓу авионите од четвртата генерација“.

Су-35С е длабоко модернизиран супермневарбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++ кој е конструиран со помош на технологии од петтата генерација. Небесниот крстосувач го карактеризира многу квалитетна авионика која за основа користи коплексен компјутерски информационо-команден систем, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем на согорување со зголемена сила и управливи вектори на потисок. Овие мотори според своите карактеристики можат да се применат и на ловци од петтата генерација, затоа што обезбедуваат надзвучна брзина без дополнително согорување.

Овој авион активно учествува и во руската воздушна операција во Сирија, каде покажа исклучителни резултати кога се во прашање удари врз копнената инфраструктура на терористите во кои се употребени современи убојни средства од класата „воздух-земја“.

Прочитајте повеќе: Небесна грабливка: Сите тајни на Су-35 во една видеоснимка

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња