Како што пренесува интернет-порталот ТАСС, рускиот министер за одбрана изјави дека новите модели на оружје веќе се наоѓаат на опитно-боево дежурство во единиците на руската армија.
„Во блиска перспектива армијата и флотата ќе усвојат потполно нови видови вооружување, кои немаат адекватни пандани, а кои се базирани на технологија на хиперзвук и ласерска енергија. Првите модели на ова вооружување се ставени на опитно-боево дежурство“- рече рускиот министер за одбрана, пренесува РТ.
Во мај оваа година претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на состанокот со водечките луѓе од рускиот воено-индустриски комплекс и највисоките офицери на руската армија изјави дека оружјето кое се базира на различни физички принципи ќе го одреди борбениот потенцијал на руската армија во наредните децении.