Ласери на бојното поле: Руска армија неодамна го усвои „Пересвет“ во вооружувањето

Скриншот
Додека САД и понатаму го тестираат своето ласерско оружје, Русија веќе го воведе својот модел во оперативното вооружување. Имено, непознат број ласерски системи „Пересвет“ се наоѓа во фаза на опитна експлоатација во единиците на руската армија.

Соговорник на интернет-порталот РИА „Новости“ по ова прашање беше познатиот руски воен експерт и главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски. Текстот во целост го пренесе интернет-порталот РГ.

Експертот нагласи дека се работи за веќе испорачаниот ласерски комплекс „Пересвет“ кој се наоѓа во опитно-борбена експлоатација во единиците на руската армија. Според Мураховски, по овој факт кој одекна во сите медиуми како на исток така и на запад, САД мораа да покажат дека и тие исто така работат на развој на оружје со исти карактеристики. Меѓутоа, додека Американците и понатаму го тестираат својот ласер, Русите веќе го воведоа својот „Пересвет“ во оперативно борбено дежурство.

Експертот исто така рече дека со боева употреба на ласери веќе одамна се занимаваат војските на Руската Федерација и САД (тука не треба да се заборави ни Кина – заб. на прев.). Главниот проблем, според Мураховски, е обезбедувањето доволно силен енергетски извор што ќе го напојува борбениот ласер за да може ефикасно да се употреби на бојното поле.

Според воениот експерт, во последно време на овој план дојде до сериозен технолошки напредок, што во крајна линија ќе доведе до многу активен развој на овој сегмент борбена техника како во САД така и во Русија.

Неодамна на американскиот воен полигон Вајт Сендс беше тестиран прототип на борбен ласер кој главно ќе се користи за борба против цели во воздушниот простор. Притоа со помош на ласерски сноп беа неутрализирани неколку ракети.

П0гледнете го видеото: Како изгледа и работи борбениот ласерски систем „Пересвет“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња