Моќниот руски арктички ракетен комплекс Тор-М2ДТ на воени вежби (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND

Артилерците на Северната флота објавија снимка од боево гаѓање од противвоздушните ракетни системи Тор-М2ДТ на полигонот Капустин Јар во Астраханската област. Ракетните системи гаѓаа мети кои маневрираа при големи брзини и летаа на различни висини.

Тор-М2ДТ е сестран тактички ракетен противвоздушен систем способен да совладува јами, а може да функционира дури и на температури под педесет степени Целзиусови.

Има способност за неутрализирање цели за само неколку секунди по откривањето, дури и во услови на активно електронско противдејство.