Видео: Гаѓање од ракетниот систем „Тор-М2ДТ“

Скриншот

Скриншот

Тестирање на гаѓање од арктичкиот противвоздушен ракетен систем „Тор-М2ДТ“ на полигонот Капустин Јар.

На полигонот Капустин Јар во Астраханската област е проверена прецизноста на системот за наведување така што истовремено се гаѓани две цели. Сцените од ова тестирање ги објави каналот RT, пренесува порталот rg.ru.

На видеоснимката е прикажано речиси истовремено лансирање на зенитни ракети против воздушните цели кои претставуваат имитација на непријателски крстосувачки ракети. Интервалот меѓу лансирањето на ракетите на „Тор-М2ДТ“ е помал од две секунди.

Како што соопшти информативната служба на Министерството за одбрана на Русија, сите цели се погодени, така што тестирањето е успешно.

Најновиот арктички зенитно-ракетен систем „Тор-М2ДТ“ е наменет за заштита на единиците и објектите на крајниот север и функционира во сите временски услови (од -50 до +50 степени Целзиусови). Отвора оган и во движење, истовремено врз 4 цели во радиус од 12 километри. За реакција му се потребни 4,8 секунди. Може да уништува ракети и авиони кои летаат со брзина до 700 метри во секунда на висини од 100 метри до 10 километри.

Специјално за крајниот север овој зенитен систем е поставен на дводелен транспортер ДТ-30 со гасеници. Вториот дел од транспортерот е во вид на приколка, така што е обезбедена висока проодност на возилото во движење по непристапен терен – песок, мраз и снег. ДТ-30 може да совладува и водени пречки.

Погледнете го видеото: Најновиот противвоздушен ракетен систем „Тор-М2“ одвнатре

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња