Во САД признаа сериозно заостанување во однос на СССР при развојот на авионот SR-71 „Blackbird“

Youtube
Американскиот весник „Национален Интерес“ (National Interest) објави информација дека во моментот на развој на суперсоничниот извидувачки авион „Blackbird“ САД по прашањето на воздухопловната технологија значително заостанувале во однос на СССР.

Кон средината на минатиот век (периодот 1950-1960 година) САД вложуваа големи напори за да направат супербрзи шпионски авиони кои ќе бидат во можност лесно да влезат во воздушниот простор на потенцијалниот непријател. Во тој период се роди концептот на нова технологија која ја намалува радарската видливост. Резултат на овие напори е цела низа летала кои се одликуваа со специфични летечко-технички способности како што се B-57, U-2, A-12 и SR-71 (попознат како Blackbird (мак. кос – заб. на прев.), пренесува интернет-портал „Взгљад“.

Меѓутоа, уште во 1954 година познатиот воздухопловен и ракетен конструктор Павел Цибин им предложи на советските власти развој на летало со супериорни летечки карактеристики¹, кое слободно може да се нарече претходник на „Косот“.

Всушност се работеше за концепт на развој на суперсонично летало-бомбардер кое ќе носи атомска бомба. Перспективното советско летало е замислено на начин да може да изврши уништувачки удар длабоко на непријателска територија, истовремено не оставајќи му на противникот никаква шанса за негово пресретнување, наведува американскиот интерет-портал.

Иако проектот почна да се развива, на крај сепак не беше реализиран во пракса. Причина за откажување на проектот не беше од техничка природа, туку кадровските слабости во проектантските бироа, кои не можеа да ја следат визијата на Цибин.

¹ Проектот на Цибин го носеше кодното име ОКБ-256. Негова задача беше да се направи суперсоничен стратешки бомбардер кој ќе можеше да оствари брзина од 3000 км/ч, плафон на лет од 30000 метри и оперативен долет од 14000 км.

Прочитајте повеќе: Заборавена технологија: проектот 1.44 или неостварениот „супер МиГ“ (Видео)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња