Макета на К-7 од филмот „Дау“ на Иљја Хржановски, 2018.
kinopoisk.ruЕдна од најважните креации на инженерот Константин Калинин, авионот К-7, имаше распон на крилата од 53 метри (речиси исто како кај современиот американски B-52) и површина од 454 квадратни метри.
Имаше 7 мотори АМ-34. Во советското Воено воздухопловство ќе служеше како бомбардер, а можеше да биде користен и како патнички авион за 120 патници.
Летечкиот титан имаше 8 топови со калибар 20 мм, 8 митралези 7,62 мм ШКАС и можеше да понесе 9 тони бомби.
К-7 го изведе својот прв лет на 21 август 1933, но, како и во случајот со „Титаник“, неговата слава беше со краток век. Авионот се сруши на 21 ноември истата година. Загинаа 14 членови на екипажот и едно лице на земја.
Останатите два прототипа никогаш не беа довршени. Проектот беше откажан 1935 година.
На ова прашање е тешко да се одговори, но можеме да претпоставиме дека неговата мала брзина и големите габарити ќе го направеа совршена мета за германските ловци и противвоздушната одбрана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче