Заборавена технологија: Ил-20, советскиот „грбавко“ кој гледаше подобро од сите

MecaWOT Replays/youtube.com
„Илјушин“ Ил-20 беше неверојатен советски прототип на тежок ловец-бомбардер кој требаше да го замени Ил-10. Можеше да уништува цели на земја без пикирање.

„Илјушин“ Ил-20 (не треба да се меша со постојниот извидувачки авион со истиот назив) претставуваше серија иновативни концепти, вклучувајќи ја пилотската кабина монтирана директно над моторот и зад пропелерот заради подобра видливост, затоа што пилотите на постојните во тоа време авиони и не можеа да видат речиси ништо на близина до 100 метри. Се очекуваше исто така и дека оваа кабина ќе му овозможи на пилотот подобро да ја види земјата при бомбардирање, но проектантите не успеаја во тоа. Ил-20 можеби не мораше да пикира како останатите авиони, но сепак бомбардираше наслепо.  

На крилата имаше автоматски топови кои пред полетување можеа да се прилагодат така што ќе гаѓаат цели на земјата додека авионот останува во хоризонтален лет.  

Можеше да понесе 1190 кг бомби, а во средниот дел на крилата се наоѓаа четири оддели за мали бомби. Во крилните носачи можеше да понесе две бомби од 500 кг, а можеше да лансира и четири ракети РС-132. 

Имаше оклоп со дебелина од 6 до 15 мм. 

Меѓутоа, Ил-20 беше побавен од Ил-10 и при тестирањата 1948-49 година се покажа дека неговиот мотор М-47 е проблематичен. 

Зголемениот интерес за развој на млазни мотори беше уште една причина зошто советската воена команда се откажа од производство на овој авион. Пробните пилоти поради изгледот му го дадоа прекарот „грбавко“.

Прочитајте повеќе: Заборавена технологија: Како леташе Јак-141, рускиот соперник на британскиот „Хариер“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња