Заборавена технологија: проектот 1.44 или неостварениот „супер МиГ“ (Видео)

Артјом Катранжи/www.flickr.com
Опфати бројни карактеристики на ловците од петтата генерација како што се напредната авионика и неверојатните маневарски способности. Но, поради недостиг на средства, развојот беше стопиран.

Своевремено овој модел беше класификуван како мултифункционален фронтовски ловец. Конструкторското биро „Микојан“ му даде такви можности како исклучителни маневарски способности, крстосување со брзина поголема од звукот, отежнато радарско и термовизиско детектирање, мал простор за полетување и краток залет на писта, примена на најмодерните достигнувања на компјутерската техника во радарската опрема, нови системи за управување и уште многу други нешта.  

На новото летало судбината не му се насмевна многу. „Микојан” потоа го помина времето на тотален финансиски дефицит во 1990-те и на крај беше претворен во Московска авијациска производствена корпорација „МиГ”, подоцна споена со Конструкторското биро „Сухој”, така што повеќенаменскиот фронтовски ловец со ознака МиГ 1.44 се подигна во воздух само еднаш - на 29 февруари 2000 година.

МиГ 1.44 МФИ своевремено беше подготвуван како ривал на американскиот ловец Lockheed/Boeing F-22 Raptor, но времето беше загубено и му отстапи место на нов проект, авионот Т-50, чие производство почна во 2002 година. Единствениот примерок на МиГ 1.44 кој можеше да лета стоеше под отворено небо во Институтот аеронаутика „Громов“ во Жуковски, за во 2013 година да биде конзервиран. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња