Овој „штурмовик“ го движеа два мотора „Климов“ РД-33И, а една од неговите најинтересни особини беше митралезот за самоодбрана на опашката (како кај „Илјушин“ Ил-2), нешто што на авионите не беше видено од Втората светска војна.
Авионот никогаш не влезе во производство, иако од првиот во 1982 до последниот лет во 1987 година немаше ниту еден дефект, а според карактеристиките беше во некоја мера дури и подобар од Су-25. Главната одлика на Ил-102 беше кабината за вториот член на екипажот кој седеше свртен со грб кон пилотот. Токму таа кабина според мислењето на некои одигра главна улога во затворањето на проектот.
Ил-102 е изложен во Летечко-истражувачкиот институт „Громов” во градот Жуковски во Московската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче