АвтоВАЗ прави тркачки модел Lada Granta FL 4WD со турбо мотор од 350 КС

Инженерите на рели тимот MRMotorsport работат на усовршување на домашниот автомобил Lada создавајќи уникатен тркачки автомобил за учество во Првенството на Русија во класично рели, пренесуваат руските медиуми.

Новитетот ќе биде базиран на рестилизираната верзија на моделот Lada Granta. Возилото ќе има погон на сите четири тркала, турбо мотор со сила од 350 КС и секвенцијален менувач. Проектот го доби називот Lada Granta PROTO.

„Готово е, почнуваме со правење на тркачки автомобил за Првенството на Русија во класично рели. Тој ќе биде базиран на каросеријата на возилото Lada Granta, но ќе има погон на сите четири тркала и турбо мотор од 350 КС, како и шестстепен секвенцијален менувач“, се вели во официјалното соопштение за печатот.

Претставниците на компанијата на својот инстаграм-профил напиша дека ќе се потрудат да имплементираат во проектот како проверени, веќе применети решенија кај тркачките автомобили од категоријата R5, така и оние до кои дошле самите. Во овој момент стручњаците се во потрага по партнер кој би ги изработувал пластичните детали.

Инаку, врз база на најдостапниот автомобил на рускиот пазар – моделот Lada Granta, според пишувањето на руските медиуми, склопено е камп-возило. Една компанија од Москва направи изложбен примерок на таквиот автомобил. Како што се очекува, возилото наскоро ќе влезе во сериско производство во неколку верзии, а цената ќе се движи од 1150000 до 1800000 рубли. Инаку, најголемиот руски производител на автомобили веќе на 12 јуни почнува со продажба на караванот Lada Granta Cross, сo најголем клиренс во ова семејство автомобили од 198 мм.

Прочитајте повеќе: АвтоВАЗ: Што можеме да очекуваме од сериската варијанта на новата Лада Нива?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња