Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ го почна производството на новата линија модели Lada Granta која ќе биде претставена кон крајот на овој месец на Московскиот саем на автомобили, пренесуваат руските медиуми.
Службата за односи со јавноста соопшти на официјалниот сајт на АвтоВАЗ дека во погоните на рускиот автомобилски гигант во Толјати е почнато производството на новото семејство Lada Granta во четири вида каросерија (седан, хечбек, лифтбек и караван).
Во соопштението се наведува дека новата линија модели Lada Granta има обновен преден дел на каросеријата со фарови на темносјајна позадина. Како што се истакнува, препознатливите „икс облици“ се акцентирани со хромирани додатоци во вид на бумеранг.
На своите профили на социјалните мрежи АвтоВАЗ деновиве објави тизер со пет нови модели кои ќе бидат претставени на претстојниот саем на автомобили во рускиот главен град. Обновената Lada Granta првпат беше претставена пред месец дена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче