Министерството за одбрана на РФ ги обелодени плановите за лансирање на „Сармат“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на Русија планира од 2019 до 2021 година ќе изведе неколку ракетни проби во чии рамки двапати ќе лансира интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, трипати ракета „Јарс“ и четирипати „Топољ“.

Според материјалите на Министерството за одбрана на во кои се води евиденција за набавките, во тек е тендер за осигурување од одговорност во случај да биде загрозен животот, здравјето или имотот на други лица при лансирање на четири ракети МБР РС-12М („Топољ), три ракети МБР РС-24 („Јарс“) и две МБР РС-28 („Сармат“), соопштува агенцијата РИА „Новости“.

„Министерството за одбрана на Руската Федерација... соопштува дека е во тек затворен конкурс за давање на услуги поврзани со осигурување од одговорност во случај на нанесување штета на животот, здравјето или имотот на други лица при реализација на космичка активност која се врши за потребите на Министерството за одбрана на Русија 2019-2021“, се наведува во споменатите материјали.

РС-28 „Сармат“ е стратешки ракетен систем од петта генерација со вкопан лансирен силос и тешка повеќестепена балистичка ракета на течно гориво.

Претходно „Роскосмос“ поднесе извештај за досегашното тестирање на ракетата во кое е потврдена исправноста на техничките решенија во конструирањето на „Сармат“.

Погледнете го видеото: Сè за интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“