Криворучко во текот на посетата на Уралското проектно-конструкторско биро „Детаљ“, кое учествува во проектот, за новинарите изјави дека во моментов претпријатието во интерес на Министерството за одбрана на Русија „се занимава со развој на активна глава за самонаведување за перспективната противбродска ракета со која меѓу другото ќе биде вооружен и авионот Су-57“, пренесува агенцијата ТАСС.
Тој исто така истакна дека во проектно-конструкторското биро „Детаљ“ е одржано советување на кое е разгледано прашањето за што поскоро склучување на договор за набавка на цел комплет офанзивни авијациски средства за Су-57 со корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ (КТРВ).
Бирото „Детаљ“, како дел од КТРВ, се занимава со изработка на делови, меѓу другото и на активни глави за самонаведување за противбродски ракети и ракети од класата „воздух-воздух“ кои ги користат речиси сите руски воени авиони и хеликоптери.
Покрај тоа, претпријатието развива перспективна апаратура за радари и навигација, како и радио-висиномери за беспилотните летала и вселенските апарати.
Претходно беше објавена видеоснимка од склопувањето на првиот сериски авион Су-57. Се очекува ловецот да им биде испорачан на Воздушно-космичките сили на Русија кон крајот на 2019 година, а можно е со текот на времето да биде усовршен до ниво на генерацијата 5 ++.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче