Познат рокот за испорака на првиот сериски авион Су-57 на Воздушно-космичките сили на Русија

Владимир Сергеев/Sputnik
Заменик-министерот за одбрана на Русија Алексеј Криворучко во текот на посетата на фабриката за авиони во Комсомолск на Амур соопшти кога Воздушно-космичките сили на Русија ќе го добијат првиот сериски ловец од петтата генерација Су-57.

Според Криворучков, фабриката за авиони во Комсомолск на Амур (КнААЗ) е потполно подготевна за почетотк на сериското производство на авионот-ловец од петтата генерација Су-57, пренесува ТАСС.

„Ги проверивме подготвеноста на авионот и подготвеноста на претпријатието за сериско производство на Су-57. Сосем сме задоволни од ова што го видовме и се надеваме дека сѐ ќе оди според планот“, рече генералот.

Тој најави дека првиот сериски авион ќе им биде испорачан на Воздушно-космичките сили на Русија кон крајот на 2019 година. „Првиот авион ќе го добиеме кон крајот на годинава и тоа веќе ќе биде летало од сериско производство“, рече Криворучко.

Кон средината на мај претседателот на РФ Владимир Путин на советувањето посветено на воени прашања зборуваше за големиот договор поврзан со набавката на Су-57.

Погледнете го видеото: Сите тајни на ловецот од петта генерација Су-57

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња