„Во моментов се вршат огледно-конструкторски работи кои треба значително да ги подобрат карактеристиките на хеликоптерот Ка-52. Планирано е таа работа да се заврши до 2022 година“, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко, пренесува РИА „Новости“.
Како што прецизираше генералниот директор на холдингот „Вертолёты России“ (Хеликоптери на Русија) Андреј Богински, модернизираниот „Алигатор“ ќе биде опремен со нови системи за снабдување со енергија и за откривање цели, а ќе биде и подобро заштитен.
„Машината „бараше“ зголемување на доменот на примена на авијациското вооружување. Другата важна задача е унификацијата на авијациското вооружување на овој модел и хеликоптерите кои ја имаат ознаката „Ми“, додаде тој.
Рускиот заменик-министер за одбрана најави дека министерството во 2020 година ќе склучи договор за купување 114 модернизирани борбени хеликоптери Ка-52М.
Алексеј Криворучко ја наведе и планираната количина хеликоптери Ка-52. „Сега фабриката го реализира долгорочниот договор за испорака на извидувачко-јуришни хеликоптери Ка-52. До 2022 година очекуваме дека ќе добиеме уште 30 машини, од тоа осум хеликоптери до крајот на тековната година“, рече тој.