Руските хеликоптери наскоро ќе ги добијат првите ненаведувани ракети С-80ОФП „Бронебојшчик“

Министерство за одбрана на РФ
Концернот „Техмаш“ го произведе првиот контингент нови неуправувани воздухопловни ракети „Бронебојшчик“ кои ќе им бидат испорачани на оперативните единици на руската армија за опитна експлоатација.

Се работи за ракети со калибар 80 мм. Државните тестирања на овие ракети се завршени во целосен обем.

Ова го соопшти заменик-генералниот директор на ова претпријатие кое се наоѓа во состав на „Ростех“ Александар Кочкин. Тој изјави за ТАСС дека опитниот контингент нови ракети ќе биде произведен со сопствени ресурси на оваа компанија. Подготвена е и придружната техничка документација, која се наоѓа кај нарачателот на зделката, пренесува интернет-порталот РГ.

Кочкин додаде дека малото задоцнување е поврзано со измената на тактичко-техничките барања донесени од Министерството за одбрана на РФ. Според него, било потребно време тие промени да се проектираат и имплементираат во овој проект.

С-8 ОФП „Бронебојшчик” е модернизирана варијанта на ракетата С-8, која обединува неколку уникатни технологии. Според дострелот и ефикасноста ракетата ја надминува целата постојна муниција од оваа класа. Претпоставката е дека оваа ракета ќе може да ја уништи својата цел на далечина и до 6000 метри. Ќе биде опремена со неколку типови боеви глави за извршување различни задачи. Во февруари 2017 година беше објавено дека „Бронебојшчик” наскоро ќе влезе во состав на вооружувањето на руската војска, по што ќе се почне со сериско производство.

Прочитајте повеќе: „Бронебојшчик“ ќе го десеткува секој непријател

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња