Ердоган:Турција сака да ѝ се придружи на Русија во производството на ракетните ПВО/ПРО-системи С-500

Слободан Ѓукиќ
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека по набавката на системите С-400 постои голема можност Русија и Турција со заеднички сили да тргнат во производство на системот од нова генерација ПВО/ПРО С-500 „Прометеј“.

„Набавката на ракетните системи С-400 се спроведува според договорот. Нивната испорака се очекува веќе во јули, а можеби и порано. Русија ни ги обезбеди најдобрите услови. По реализацијата на ова зделка ќе започнеме разговори за системот С-500 и негово заедничко производство, вклучувајќи ги и системите С-400“, изјави турскиот претседател при средбата со младите во Истанбул. Преносот од овој настан го реализираше ТВ-каналот NTV.

Според претседателот Ердоган, САД досега испорачале пет ловци од петтата генерација F-35. Тој додаде дека на обука во САД се наоѓа група турски пилоти кои ќе управуваат со овие воздухоплови. Турскиот лидер е уверен дека САД ќе ги исполнат спрема неговата земја сите обврски поврзани со набавката на ловците F-35.

Неодамна Турција јасно стави до знаење дека нема да се откаже од набавка на руските ПВО-системи со голем дострел С-400 „Триумф“, како и дека првиот контингент ќе пристигне веќе во јули оваа година. Од друга страна, САД сметаат дека овие системи не се компатибилни со НАТО-стандардите, како и дека Турција ќе претрпи штета доколку и понатаму инсистира на набавка на врвна воена техника од руско потекло. Тоа пред сѐ се однесува на прекин на понатамошната испорака на ловци F-35. Имено, американските воени експерти сметаат дека испораката на системите С-400 претставува голема опасност по овој авион, што турските официјални лица категорично го отфрлија.

Прочитајте повеќе: Ракетниот систем С-500 „Прометеј“ доминантно го заврши финалното тестирање

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња