„Русија ни обезбеди кредите за С-400 по прифатливи услови. Во втората и во третата фаза ќе започнеме со заедничко производство. Можно е и заедничко производство на системите С-500“, рече Ердоган, а пренесува турската новинска агенција Анадолија.
Рускиот противвоздушен систем од новата генерација С-400 е наменет за пресретнување на сите типови постоечки ракети и перспективни воздушни цели во атмосферата на Земјата и на блискиот космос. ПВО системот минува низ тестирања и се подготвува за сериско производство, а испораката на руската војска ќе започне во 2020 година. Ракетата која минатиот месец ја лансираше С-500, погодувајќи цел на оддалеченост од 480 километри, постави своевиден светски рекорд.
Договорот за испорака на два дивизиона од системот С-400 на Турција во вредност од 2.5 милијарди американски долари беше потпишан минатата година.
Производство на ПВО-ПРО системите е веќе започната, а Ердоган изјави дека Турција не ги купува за да фаќаат прав, и дека ќе ги примени доколку тоа биде потребно.
Со договорот е предвиден развој на воено-техничка соработка со цел започнување на производство на С-400 во Турција. Според мислењето на водечките стручњаци на Анкара за изработка на комплетна копија на современите руски системи ќе ѝ бидат потребни милијарди долари. „Неопходно е да се создаде нова индустриска гранка“, вели соработникот на Центарот за анализа на стратегии и технологија Константин Макиенко.
Во меѓувреме раководителот на Секретаријатот за одбранбена индустрија Имаил Демир ја потврди заинтересираност на Турција за купување на руски ловец од петтата генерација Су-57.
„Нашите разговори со Русија не се сведуваат само на С-400, ами се разговара и за други прашања“, изјави Демир за телевизиската станица ТГРТ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче