Ракетниот систем С-500 „Прометеј“ доминантно го заврши финалното тестирање

Слободан Ѓукиќ
Министерството за одбрана на РФ го финишираше завршното тестирање на новиот ПВО/ПРО-ракетен систем со голем дострел С-500 „Прометеј“. Донесена е одлука по што може да започне сериско производство и воведување на „Прометеј“ во оперативното вооружување на руската армија.

Сложените полигонски тестирања беа успешно реализирани на главните компоненти на овој систем, како што е радарско-набљудувачкиот комплекс и неговата повеќенаменска радарска станица, ги пренесува интернет-порталот „Известија“ зборовите на неименуван извор од руското Министерство за одбрана.

Постојат основани претпоставки дека новите типови радар со активна фазна радарска решетка, кои ќе бидат дел од овој комплекс, ќе овозможат откривање на балистички ракети на далечини до 2000 км (а оние со минимален радарски одраз ЕПР 0,1 м² на далечини до 1200 км).

Функцијата на целокупниот систем е проверена во услови блиски на реалните, по што техничката комисија донесе одлука дека ракетниот систем С-500 е во целост подготвен за сериско производство и усвојување во вооружувањето на руската армија.

„С-500 претставува нова генерација противвоздушни системи кои се способни да дејствуваат и во склоп на батериите за противракетна одбрана кои имаат задача на големи далечини и висини да пресретнуваат балистички објекти“, изјави поранешниот началник на ракетната ПВО генерал-потполовник Александар Горков.

Како што наведува рускиот интернет-портал „Взгљад“, одМинистерството за одбрана на РФ додаваат дека комплексот С-500 ќе може да се употреби за борба против широк спектар воздушни цели – од непријателски беспилотни летала па сѐ до објекти во земјината орбита како што се сателити.

Борбениот радиус што го покрива С-500 „Прометеј“ изнесува 600 км. Овој систем е способен истовремено да нападне до десет балистички објекти кои се движат со суперсонични, но и со хиперсонични брзини (поголеми од 7000 м/сек.).

Прочитајте повеќе: Што е познато за новиот систем на руската ПВО од типот С-500 „Прометеј“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња