Како што пренесува агенцијата РИА „Новости“, научници од добиеното биогориво издвоиле бензинска фракција (биобензин), ја измешале со обичен бензин и ја тестирале на двотактен мотор со внатрешно согорување во автомобил на далечинско управување.
Според шефот на лабораторијата на ОИВТ Михаил Власкин, и порано се добивало биогориво од микроскопски алги, но во тој процес било неопходно претходно да се исуши биомасата. Сушењето на влажната биомаса изискувало дополнителна потрошувачка на енергија, тако што енергетската вредност на добиеното гориво била приближно еднаква на енергијата потрошена за производство на тоа гориво.
„Научниците од ОИВТ развија нова технологија за конвертирање на биомасата на микроскопски алги во бионафта. Со примена на таа технологија се троши значително помалку енергија отколку што е потребно за вообичаеното сушење на влажната биомаса на микроалгите. Покрај тоа, новата технологија овозможува истовремена обработка на сите сегменти на биомасата (липидите, протеините и јаглехидратите), што резултира со поголема количина на добиена бионафта“, објаснува Власкин.
Во експериментите се користени специјално избрани микроалги кои растат многу брзо. Во фотосинтезата, енергијата на сончевата светлина и јаглерод диоксидот се претвораат во биомаса и кислород, а во микроалгите овој процес се одвива поефикасно отколку во листопадните растенија, бидејќи специфичната површина на микроалгите е неколку пати поголема, прецизира Власкин. Со оглед на таа особина може да се каже дека микроалгите се еден од перспективните извори на обновливо биогориво, смета рускиот научник.
Според него, во услови на силно влијание на индустријата врз атмосферата биоалгите можат да се користат за апсорпција на јаглерод диоксидот што се ослободува во процесот на производство, како и за чистење на отпадни води. Власкин, исто така, смета дека од биогоривото може да се прави гориво за мотори, со што ќе се намали потрошувачката на фосилното гориво.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче