Научниците од Томскиот политехнички универзитет (ТПУ) направија од индустриски отпад експериментални примероци гориво кое не е штетно за природната средина на Арктикот и кое може да гори на температури под -95 степени Целзиусови. Во тек се фундаментални истражувања за примената на ова желатинесто гориво во моторите, соопшти прес-службата на универзитетот за агенцијата ТАСС.
„Научниците од Томскиот политехнички универзитет предлагаа на екстремно ниски температури да се користи желатинесто (агрегатна состојба меѓу течна и цврста) гориво, кое се состои од искористени масла од енергетските погони и запалив течен отпад од нафтената индустрија. Ваквото гориво поднесува температури до минус 95 степени Целзиусови. Притоа тоа во процесот на складирање и транспорт е помалку штетно за природната средина од традиционалните течни горива“, се наведува во соопштението.
Исто така се додава дека истражувачите направиле експериментални примероци на горивото. Тие, освен тоа, ги проучуваат и фундаменталните прашања на механизмите за негово согорување за да можат во иднина инженерите да направат уреди кои ќе го користат во пракса ова гориво. Научниците досега изведоа експерименти со 20 различни состави на гориво.
Како што изјави за ТАСС раководителот на проектот Павел Стрижак, овој вид гориво најмногу одговара на арктичките услови не само поради отпорноста на замрзнување, туку и благодарение на неговата еколошка нештетност и безбедност.
„Традиционалните видови гориво како што се бензинот и дизелот поднесуваат температури до минус 50 степени Целзиусови. На пониски температури овие горива можат да замрзнат во резервоарите и системите. Затоа научниците ги модификуваат постојните и бараат нови горива за користење, на пример, во арктички услови. А со оглед на тоа дека Арктикот е целосно единствена природна зона, горивото кое тука се користи мора да има посебни особини кога се работи за екологијата и безбедноста”, истакна Стрижак.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче