Путин откри кое е главното оружје на нашиот век

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Главното оружје на 21. век е ласерското оружје и токму од него ќе зависи борбениот потенцијал на руската војска во наредните децении и воопшто во нашиот век.

„Истакнувам дека брзата реализација на овие проекти е крајно важна, затоа што токму тој вид оружје во наредните децении и практично во текот на 21. век во голема мера ќе го одреди борбениот потенцијал на руската армија и флотата“, ја пренесуваат руските медиуми изјавата на Путин.