Русија планира за борба против непријателските сателити да го користи системот на ласерско оружје 1ЛК222, кој ќе биде монтиран на воено-транспортниот авион Ил-76, изјави за информативниот портал „Ѕвезда“ воениот аналитичар Михаил Тимошенко.
„Развојот на овој систем сѐ уште не е завршен. Меѓутоа, самата помисла на него веќе сериозно ги загрижи Американците, кои се уплашени за безбедноста на својот вселенски борбен ешалон. Можно е тие на овој начин да се обидуваат да го префрлат фокусот на вниманието врз излегувањето од Договорот за ликвидирање на ракетите со среден и краток дострел со цел создавање временски вакуум за пронаоѓање ефикасни контрамерки“, изјави експертот.
На сајтот militaryrussia.ru е објавена информација за опитно-конструкторскиот проект под име „Сокол-Ешелон“ кој има за цел да направи експериментална верзија на ласерскиот комплекс 1ЛК222, чија сила на ласерскиот сноп може да ја прогори оплатата на авионите, сателитите и балистичките ракети. Овој проект со паузи стартуваше 2005 година под раководство на компанијата „Алмаз-Антеј“, за да биде обновен во ноември 2012 година. Летачката платформа која ќе го носи контејнерот со 1ЛК222 ќе биде лабораторија направена врз база на воено-транспортниот авион Ил-76МД.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче